Утре во Прилеп ќе се одржат Државното екипно првенство за сениори и Државното првенство за ветерани.
Првенствата се во организација на Џудо Федерацијата на Македонија и техничка организација на Џудо клубот Сеишин Прилеп.
Борбите започнуваат во 10.30 часот во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески Ричко“.