Утре во Гостивар се одржува Изборното карате првенство за кадети, јуниори и У-21.
На Изборното ќе настапат 224 натпреварувачи од 46 клуба.
Ова изборно е за Европското првенство што ќе се одржи во Прага, Чешка, од 4 до 6 февруари.
По Изборното првенство ќе се одржи Плеј-оф натпревар кој ќе ги даде конечните патници за ЕП во Чешка.