Борачите на Бучим имаа 10-дневни подготовки во Сандански, утре заминуваат за Белград

Борачите на Бучим имаа заеднички 10-дневни подоготовки со борачи од бугарската и молдавската репрезентација во Сандански, Бугарија.

„На подготовките имаше 120 борачи и беа поделени во две групи – кадети и пионери. Поширок список на борачи од бугарската репрезентација, молдавската и 6 борачи од Буцим. Главен тренер на подготовките беше Дијан Дончев од Бугарија. Подготовките беа за физицко-кондициона подготовност. Подготовките беа 12 дена, а нашите беа 10 дена во градот Сандански. Задоволни сме од условите и од тренерите, а најзадоволни сме од залагањето на нашите деца“, вели тренерот Горан Атанасов.

Утре борачите на Бучим заминуваат за Белград на меѓународниот турнир Победник.

После ќе организираат подготовки организирани од клубот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО