Утре во Скопје ќе се одржи првото коло на Првата и Младинската бокс лига на Македонија.
Колото ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“. Мерењето е од 9-10 часот, а борбите почнуваат во 14 часот.
Актуелни прваци се Универзалци и Фамилија Демирови во Првата и Младинска бокс лига.
Универзалци триумфираа во Првата лига пред Синди и Пелистерски јунак. Тоа е нивна втора титула, откако лани за прв пат станаа прваци на Македонија.
Фамилија Демирови доминираа во Младинска лига, а Ас го освои второто место, а „Алексо Огненовски“ третото.
Годинава треба да очекуваме интресни борби со повеќе аспиранти за титулата.