Утре се одржува Меѓународниот турнир во борење „8 Септември“

Утре во Скопје се одржува Меѓународниот турнир во борење „8 Септември“ во организација на БК Вардар.

На турнирот се очекуваат повеќе од 130 борачи и борачки од сите наши клубови, но и по две екипи од Србија со 15 борачи и борачки и од Косово со повеќе од 25 натпреварувачи.

Борбите ке почнат во 11 часот, а свеченото отварање е од 12,30 часот, притоа ќе се доделат и плакети на најуспешните спортисти и спортски работници по повод 60 години БК Вардар.

Меѓу добитниците се Бојан Рангелов постхумно, Ацо Јорданов, Игор Неделковски, Младен Саздовски, Ристо Дарлев, Могамедхаџи Нуров, Могамед Ибрагимов,Чедо Николовски и други, како и Општина Бутел, Општина Гази Баба, МОК…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON