Утре се одржува Државното првенство во џудо за сениори и пионери во Прилеп

Утре во Прилеп се одржува Државното првенство во џудо за сениори и пионери.

Првенството ќе се одржи во спортската сала на Средното општинско училиште „Ристе Ристески – Ричко“во организација на Џудо федерацијата на Македонија и техничка организација на Џудо клубот „Бушидо“ од Прилеп.

Почеток на натпреварите е во 11 часот.

Во насока на промоција на Џудото и на македонскиот спорт, Македонскиот олимписки комитет и ова Национално првенство ќе го пренесува на МОК ТВ. Ипон.мк исто така ќе го пренесува Првенството.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО