Утре се одбележува Светскиот ден на џудото под мотото „Заедно посилни“

Утре е Светскиот ден на џудото, 28 октомври, кој се одбележува во чест на роденденот на основачот на џудото, Џигоро Кано. Годинава Светскиот ден се одбележува под мотото „Заедно посилни“.

За разлика од минатите години, поради ситуацијата со глобалната пандемија која зададе силен удар и врз џудо спортот, годинава Светскиот ден на џудото ќе се одбележува на сосема поинаков начин. Македонските клубови најавија низа добротворни акции за помош и сузбивање на коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО