Утре Карате федерацијата на Македонија одржува годишно Собрание-ќе се менуваат казнени одредби и Деловникот

Утре во Скопје ќе се одржи редовното годишно Собрание на Карате федерација на РС Македонија со почеток во 11:00 часот во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“.

На дневен ред на Собранието ќе бидат следните точки:

1.Избор на работни тела на Собранието

2.Разгледување и усвојување на записникот од седницата на редовното Собрание на Карате федерацијата на РС Македонија, одржано на 11.02.2023 година;

3.Разгледување и усвојување на записникот од седницата на вонредното Собрание одржано на 26.11.2023 година;

4.Предлог за измени и дополнување на Деловникот за работа на Собранието на КФРСМ;

5.Предлог за измени и дополнување на Правилникот за работа Дисциплинската комисија;

6.Разгледување и усвојување на извештајот за работа на Карате федерацијата за периодот 01.01. до 31.12.2023 година;

7.Разгледување и усвојување на извештајот на Одборот за контрола за работата за периодот 01.01.2023 до 31.12.2023 година;

8.Финансов извештај на Карате федерацијата на РС Македонија со завршна сметка, за периодот 01.01.2023 до 31.12.2023 година;

9.Програма за работа на Карате федерацијата на РС Македонија и финансиски план за периодот 01.01.2024 до 31.12.2024 година;

10.Прием на нови членки – клубови во Карате федерација на РС Македонија;

11.Разно, предлози, прашања.

На седницата на Собранието ќе се разгледуваат само материјали кои се доставени во писмена форма, најмалку 3 дена пред одржување на седницата на Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON