Денес попладне во ноќниот клуб „Расчекор“ се одржа официјалното мерење на борците и нивно акредитирање за големиот ММА настан на ИСФА во Битола што ќе се одржи во Спорстката сала „Малдост“.
Од друга страна, утре за прв пат во Македонија ќе се одржи и Европско првенство во граплинг (но ги) и ММА за аматери.
Во профи делот ќе се појават 22 учесници од Србија, Црна Гора, Бугарија, Романија, Шведска, Молдавија, како и шестмина Македонци, од кои 4-ца се битолчани и по еден натпреварувач од Велес и Струга.
Натпреварите ќе траат цел ден, до 1 часот по полноќ, а поделени се во два дела. Прво се борбите за аматерското Европско првенство со почеток во 11 часот и ќе траат до 18 чсот , а вечерта со почеток од 19.30 почнува професионалната гала вечер. Борбите ќе бидат во кафез.
Битолчанецот Ристо Димитров – Чуринот ќе се натпреварува за титулата Европски професионален првак за појасот на ИСФА.
Ipon.mk/В.Д.