АктуелноДруги вештиниКендо
Успех сениорскиот кендо тим – петти на Европско првенство во Холандија

Македонскиот сениорски кендо тим е петти на Европско првенство во Леиден, Холандија, на кое учествуваат 44 земји од Европа и африканската зона.
Шампион на Европа е Франција, втора е Швајцарија, а Италија е трета, потоа следат Шпанија, Македонија, Белгија, Германија и Шведска.

Ова е успех за нашата репрезентација, која беше во група со Казахстан и Црна Гора кои ги совлада, потоа и Велика Британија. Во четвртфиналето противник им беше Холандија.
Во составот на македoнската репрезентацијата се: Андреј Александров, Олег Бичковски, Матеј Ивановски, Александар Кесковски, Владимир Пешков и Менсур Бојда.



