Усман верува дека патот до нов реванш со Леон е преку Чимаев (ВИДЕО)

Камару Усман продолжува да прави планови за враќање на врвот во полусредна категорија и покрај двата последователни порази од Леон Едвардс. Тој верува дека ќе мора да го победи Хамзат Чимаев за да го стори тоа, зборувајќи за ЕСПН.

„Нигерискиот кошмар“ сфаќа дека Колби Ковингтон најверојатно ќе ја добие својата можност против шампионот, а секоја нова можност за него нужно оди преку елиминатор од висок профил.

Зборот во моментов е дека „Борхе“ ќе се соочи со Пауло Коста налето, иако во средна категорија, така што има многу да се направи пред потенцијалниот четврти меч меѓу Усман и Едвардс. Се чини дека хоризонтот е средината на 2024 година, така што многу нешта може да се сменат дотогаш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ESPN MMA (@espnmma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО