Усман му порача на Едвардс: Морам веднаш да го потсетам дека јас тој што го претепа порано

Реваншот меѓу Леон Едвардс и Камару Усман ќе биде главен спектакл на УФЦ во сабота во Лондон.

Едвардс за прв пат ќе го брани шампионскиот појас во полусредна категорија, кој го зеде од Усман во август минатата година на настан во Солт Лејк Сити.

Роки тогаш со удар со глава потоа го нокаутира Камару и го шокираше светот на боречките вештини.

Во претходните нивни соочувања соодносот е 1-1. Усман го победи Едвардс во декември 2015 година, а минатата година Англичанецот брутално му возврати.

Поранешниот шампион му кажа на Едвардс дека пристигнува во Лондон за да си го врати појасот.

„Кога си успешен чувствуваш дека сите само чекаат да изгубиш. Тоа ми се случи и одекна низ целиот свет. А единствено тоа му проаѓаше. Но, тоа беше добар удар, а не направив ништо за да го спречам“, изјави Камару Усман и додаде:

„Никогаш не сум бил во таква ситуација, но знам дека психички ништо не се променило. Тоа е истата личност што ја претепав порано. И понатаму ќе биде тој тип. Сега морам да го потсетам на тоа. Сакам да му ги скршам душата и срцето. Ќе го потсетам дека јас сум тој што двапати му ја зеде душата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON