Усман ќе ја брани титулата против Масвидал

Камару Усман (16-1, 11-0 УФЦ) ќе ја брани титулата на УФЦ во лесна категорија по втор пат против Хорхе Масвидал (35-13, 11-4 УФЦ).

Веста ја објави претседателот на УФЦ Дана Вајт додека присуствуваше во шоуто на „Џим Рим“.

Борбата ќе се одржи во јули.

Усман и Масвидал пред неколку дена имаа вербален судир во јавноста кој претходеше на оваа најава.

32-годишниот „Нигерискиот кошмар“ е 11-0 во УФЦ. Единствениот пораз го доживеа во 2013 година. Појасот на УФЦ во категоријата 77 килограми го освои во март минатата година, победувајќи го со едногласна одлука Тајрон Вудли. Прв пат ја одбрани во декември кога со технички нокаут во петата рунда триумфираше против Колби Ковингтон.

35-годишниот Масвидал е во серија од три последователни победи. Последнота ја постигна во ноември совладувајќи го Нејт Дијаз во мечот за БМФ појасот.

https://www.youtube.com/watch?v=mWkbTWb7lF4&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО