Хабиб ќе го прифати реваншот со Конор

Поранешниот шампион во УФЦ, сега соработник на организацијата, Мајкл Биспинг, откри дека Хабиб Нурмагомедов ќе прифати реванш против Конор МекГрегор.

Откако зборуваше со првиот човек на УФЦ, Дан Вајт, Биспинг откри дека добил потврда дека Хабиб ќе се согласи на нов меч.

„Го прашав Дана Вајт: Дали Хабиб навистина ќе се согласи на нивниот предлог? Тој ми одговори: Хабиб ќе се согласи на борбата“, рече Биспинг и продолжи:

„Прво во април Хабиб ќе има борба со Тони, а потоа ќе направи кратка пауза. Конор ќе треба да чека подолго за борба во тој случај. Тој не сака, па затоа преговара за нова борба со Нејт Дијаз. Вајт рече дека првата борба на Конор и Хабиб во УФЦ остварила најголем профит во историјата, така што реваншот би можел да биде уште поголем. Конор го сака Хабиб, но бидејќи не може да го добие веднаш, неговиот избор е Дијаз”, рече Биспинг.

Хабиб и Конор направија вистински хаос во 2018 година, при што Хабиб исдвојува победа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО