Долгогодишниот промотор на Усик, Александар Красјук, понуди осум милиони долари, 2,4 милиони повеќе од Френк Ворен, за да организира боксерски настан на кој Александар Усик ќе ги брани шампионските појаси на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија против Даниел Дубоа.
Нивниот меч ќе се одржи на 12 август во полскиот град Вроцлав.
Договорена е и распределба на хонорарите. Усик (20-0, 13КО) ќе добие шест милиони долари или 75 отсто како сопственик на Супер титулата на ВБА.
Дубоа (19-1, 18КО) и неговиот тим имаат право на рекордна плата од два милиони долари или 25 отсто од вкупниот хонорар.
За украинскиот боксер тоа ќе биде втора одбрана на шампионските појаси на ВБА Супер, ИБФ и ВБО во тешка категорија, кои ги освои во септември 2021 година против Ентони Џошуа.
Усик беше подобар од Еј Џеј на реваншот што се случи во август минатата година.
Ова е прва голема борба на Дубоа за титулата и сите се надеваат дека тој ќе биде подготвен за средбата.
Имено, Британецот минатата година во декември го повреди коленото на мечот против Кевин Лерена.
💰 Oleksandr Usyk vs Daniel Dubois full purse bids results: [@DanRafael1]
1⃣ Alex Krassyuk – $8million
2⃣ Frank Warren – $5.6million💵 75/25 purse split means Usyk will receive $6million and Dubois will receive $2million. Fight targeted for Aug 12th in Poland.
— Michael Benson (@MichaelBensonn) May 25, 2023