Големата ѕвезда во супертешка категорија Александар Усик (23-0, 14 КО) ја посети Велика Британија, каде даде интервју за британскиот огранок на телевизиската мрежа ЕСПН.
Лидерот на кралската дивизија зборува за неговите две неодамнешни борби против Тајсон Фјури.
„Тоа беа две големи борби, 24 рунди, кои го направија мојот живот слободен. Види, беше тешко. Првата битка, првата подготовка… Победивме, фала богу, благодарение на мојот тим. Имавме втора борба, уште посилна подготовка. Не отидов дома, не го видов семејството, само тренирав и тренирав. Еден ден ги отворив очите и се запрашав: „Што правам овде? Боже мој, што правам овде? Јас тренирам! Беше одлично време“.
Шампионот зборува и за својата мотивација, иако веќе има освоено апсолутно се во боксот. „Моето семејство е мојата сила, мојата мотивација, тие ми помагаат. Мојата сопруга секогаш има голема доверба во мене. Се сеќавам дека пред 10 години имав проблем со коленото. Рекоа дека е опасно и дека мојата кариера може да заврши. Мојата сопруга рече: „Не, дали си луд“? Кога дојдов дома по реваншот со Фјури, бев дома една недела. Не отидов никаде, само шетав низ дворот. Гледав телевизија, Јутјуб, мојата борба, филмови. Само се одмарав: спиев, јадев, си играв со мојата мала ќерка“.