Усик за следната борба се подига во тешка категорија

 

ВБА, ВБЦ, ВБО и ИБФ шампионот во тешка категорија Александар Усик (16-0, 12 КО) следната борба ќе ја одработи во тешка категорија.

Олимпискиот победник од 2012 година веќе најави можноста за подигање во тешка категорија, а веста преку социјалните мрежи беше потврдена од директорот на К2 промоцијата Украина, Алекс Красјук.

„Враќањето во рингот на Александр Усик најверојатно ќе се случи во тешка категорија на 18 или 25 мај во САД“.

32-годишниот Украинец до сега два пати се бореше во Америка. Во првата одбрана на титулата  на ВБО во лесно-тешка категорија во декември 2016 година во 9-тата рунда во Лос Анџелес го порази Табис Мчуну, а во следната во април 2017 година во Оксхоун Хил го победи Мајкл Хантер со едногласна одлука.

Името за дебито во тешка категорија сé уште не е објавено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО