Останува уште нешто повеќе од еден месец до големата борба во која ќе го добиеме апсолутниот боксерски шампион во тешка категорија.
Aлександaр Усик и Тајсон Фјури ќе се сретнат на 18 мај во Саудиска Арабија во судир што ќе ги обедини појасите на кралската дивизија.
Последен што го направи тоа беше Ленокс Луис пред 25 години!
Кралот на Ромите досега два пати ја одложуваше борбата против Украинецот, првпат поради исцрпеност по дуелот со Нгану на крајот на октомври минатата година и на почетокот на февруари кога се здоби со расекотина над десното око за време на спаринг меч со Хрватот Смакиќи.
Организаторите на боксерскиот спектакл во Ријад вметнаа клаузула во договорот дека следниот борец кој ќе го откаже мечот ќе треба да плати десет милиони долари.
Во секој случај, тоа е добра гаранција дека и двајцата ќе се појават во рингот тој ден.
„Не размислувам Фјури повторно да го откаже мечот. Максимално сум фокусиран на подготовките, и на моето семејство и на целиот тим. Не сум на социјалните мрежи, бидејќи во овој момент тоа би било лошо и исто така губење време. Цело време сум на тренинг камп и не читам вести. Моите мисли се насочени само на 18 мај“, рече Александар Усик и додаде:
„Не се сомневам дека Тајсон Фјури ќе биде поинаков отколку против Френсис Нгану. Не го сфаќаше сериозно, веројатно мислејќи дека се бори со борец на УФЦ. Но, знам дека ќе победам, дуелот со Фјури е лесна борба за мене. Во секој случај, Фјури ќе биде поразличен од последниот меч“.