Усик: Украинците се најсилниот народ во светот (ФОТО)

Александар Усик ги продолжува подготовките за реваншот за светските титули на ВБА Супер, ВБО, ИБФ и ИБО против Ентони Џошуа. Деновиве Еди Херн најави нов датум на кој најверојатно ќе ја видиме мега пресметката на двајцата боксери! Претходно најдискутираниот датум беше 23 јули.

Шампионот пред извесно време доби дозвола од татковината да се повлече од воените дејствија и да ги започне подготовките за големата пресметка со Џошуа. И покрај тоа, тој продолжува да покажува почит кон татковината и да биде во дух со своите сонародници. Тоа го покажа со уште една објава на социјалните мрежи.

„Убеден сум дека Украинците се најсилниот народ на светот. Секој ден му ја покажуваме на светот нашата сила и непоколебливост. Нашите храбри воини ги одбиваат непријателските напади и се борат за слобода, давајќи ни можност да учиме, да работиме, да се лечиме, да се спротивставиме на непријателската пропаганда и секој ден да одиме кон победата. Нашата желба за слобода и независност е непоколеблива. Нашата желба да преживееме, победиме и закрепнеме е безгранична. На крајот на краиштата, ние сме родени во Украина. Имаме должност да победиме“, напиша шампионот на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Usyk. Cat. Aleksandr (@usykaa)

Потсетуваме, Украинецот во својата последна професионална пресметка ги му зеде шампионските појаси на АЈ. Ова се случи на боксерска гала вечер одржана на стадионот на фудбалскиот тим Тотенхем на 25 септември 2021 година.

Александар Усик има биланс од 19 победи, од кои 13 се со нокаут. 35-годишниот Украинец е поранешен број 1 во полутешка категорија на ВБЦ, ВБА Супер, ИБФ, ВБО. Тој е олимписки шампион во полутешка категорија од Игрите во Лондон во 2012 година.

Џошуа во професионалната боксерска кариера има биланс од 24 победи и само 2 порази. Поразите се од Енди Руиз Јуниор во 2019 година и од Александар Усик. Тој, како и Усик, е олимписки шампион од Лондон во 2012 година, но во тешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON