Македонија со 12 кибоксери на силниот „Унгарија кик бокс Светски куп“

Македонската кик бокс маи таи федерација ќе настапи со 12 кибоксери на силниот „Унгарија кик бокс Светски куп“ во Будимшета од 2 до 6 јуни. На Светскиот куп ќе настапат 3155 натпреварувачи од 263 клуба во светот.

Боите на Македонија ќе ги бранат: Александар Арапов, Марија Димовска (во две категории), Енсар Исеин, Марија Јанева, Роберт Косотовски, Иван Кукуновски, Иле Леков, Стефан Михајловски, Лана Павлов, Кристина Петковска, Марио Шишовски и Јадранка Темелкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО