Бобан Илиоски: Публиката ја очекува загарантирано добра борба!

Бобан Илиоски ќе се бори против Хравтот Борна Манојловиќ во К-1 до 83 килограми на ВАКО про турнирот „Бател фор белт“ Зворник, Босна и Херцеговина.

„Ова ми е веќе трета борба на Арена фајт најт“, вели Бобан Илиоски кој вели дека е добро подготвен.

Неговите очекување во пресрет на средбата се дека ќе има добра борба.

„Очекувам добра борба. Противникот сигурно е добро подготвен. Затоа велам публиката ја очекува загарантирано добра борба“, истакнува Илиоски.

Да потсетиме дека на овој настан Димитар Ѓоргиев ќе се бори за титулата шампион на Европа на „ВАКО про“ во категоријата до 81,4 килограми. Негов противник е Никола Дробњак од Босна и Херцеговина.

Настанот ќе се одржи на 3 јуни во „Салата на спортови“ во Зворник со почеток од 20:00 часот, пренесот ќе биде на каналот на „Арена фајт“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО