Светскиот шампион во тешка категорија на ВБА Супер, ВБО, ИБФ и ИБО, Украинецот Александар Усик на својот Инстаграм профил објави видео во кое зборува за ситуацијата во својата земја. Поминаа неколку дена од руската инвазија на Украина.
За жал, војната принуди многу луѓе да ја напуштат Украина и да побараат засолниште во други земји. Браќата Кличко останаа во Киев да го бранат од Русите кои сакаа да го земат. Оружјето го грабна и Васили Ломаченко.
Усик можеше да остане во Англија, но избра да се врати во татковината и да ја брани.
„Почитувани луѓе на Украина, сакам да ви се обратам. Вие сте најмоќните луѓе на светот. Многу сум горд што сум Украинец. Сакам да ви кажам на сите: „Ви благодарам. Вие сте сила“.
Вие не војувате со нашата влада, со нашата армија, туку со нашиот народ.
Ова е наша земја. Ние сме овде дома и не сме дошле кај вас. Не е нужно да не ослободуваат. Не е нужно да бидеме ослободени, ние ќе се ослободиме“.