Усик: Украина е светлата страна во војната со Русија

Александр Усик изјави дека учествувал на хуманитарен вечерен настан чија цел била да им помогне на Украинците кои настрадале од руската војна во Украина. Настанот се одржа во хотелот со 5 ѕвезди Беверли хилс во Лос Анџелес, САД.

Шампионот на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО во тешка категорија му се заблагодарува на Владимир Зеленски и на сите што помагаат. Усик тврди дека Украина е светлата страна во овој конфликт со Русите, кој започна на почетокот на годината.

„Би сакале да изразиме искрена благодарност до претседателот на Украина – Владимир Зеленски, платформата за собирање средства UNITED24, организаторот на настанот – Амир Бахадори, како и Егис Климас.

Им благодариме и на сите што и помагаат на Украина во овој тежок момент. Се бориме на светлата страна, па победата дефинитивно ќе биде наша! Слава на Украина“, напиша Усик.

Усик доби негативни коментари насочени кон него, како и против Зеленски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by USYK FOUNDATION (@usyk.foundation)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО