Усик: Се уште сакам да се борам со Џошуа, но може да го отстапам редот, за да ја гледам битката Фјури-Џошуа

Предизвикувачот на ВБО во тешка категорија, Александар Усик, е подготвен да разговара за секој предлог што ќе го натера да отстапи место за да дозволи повторна средба помеѓу шампионот на ВБО, ИБФ, ВБА (супер) и ИБО, Ентони Џошуа и првакот на ВБЦ, Тајсон Фјури.

На почетокот на овој месец Џошуа ја одбрани титулата откако го нокаутира задолжителниот предизвикувач на ИБФ, Кубрат Пулев.

„Сите четири појасни можат да бидат во рацете на една личност. Таква можност може да се појави еднаш во животот. Сите треба да разговараме и да комуницираме за да стигнеме до обединувачки меч, бидејќи тоа е навистина голем настан“, рече Александар Усик.

„Се уште сакам да се борам за титулата против Ентони Џошуа. Постојат многу фактори во оваа битка. Мојот тим, сите учесници и сите засегнати страни веќе работат на тоа. Но, сè уште има многу луѓе кои сакаат да се борат против него исто како и Тајсон Фјури“, додаде Усик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО