Млад Американец изведе зафат каков што ретко се гледа во ММА, мечот заврши за 2 минути (ВИДЕО)

На настанот на промоција на CFFC/ ЦФФЦ добивме една од најдобрите „завршници/принуди“ за 2020 година.

Хозе Перез (2-0) веќе во својата втора професионална борба изведе зафат што ретко се гледа на ММА-арените.

25-годишникот од Илиноис ноќта петок спрема сабота го запре Џејкоб Дорман (1-4) и на Cage Fury Fighting Championships 91 стигна до победа која многу брзо стана вирален хит.

Перез во Ланкастер изведе завршница „банана сплит“, а за колку болен зафат се работи најдобри ни открива реакцијата на поразениот Дорман, чиј крик, како и изразот на лицето, најдобро го опишаа непријатниот момент за него.

До овој меч Перез имаше само еден настап. Со Брендон Гаитор се пресмета во средината на септември и таа средба ја заврши со прекин во негова корист (задушување од позади).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО