Усик потпиша договор за меч за апсолутен светски шамион, се чека на Фјури

Украинецот Aлександaр Усик, актуелниот светски првак во тешка категорија во четири верзии е подготовен за спектакл и борба за апсолутен првак против Тајсон Фјури, „Кралот на Ромите“ на почеткот на идната година.

Егис Климас, менаџерот на Украинецот објави дека 35-годишниот Усик сè договорил ококу борбата и сега само се чека потписот на Британецот, за потоа само да се одреди точната дата на судирот на титаните за апсолутен првак и да се одреди местото на борбата.

„Од наша страна сè е завршено- баш сè. Сега чекаме само на еден човек – Тајсон Фјури!“, рече Климас.

Двајцата боксери немаат пораз во кариерата. Усик има скор 20-0, а двапати го победи Ентони Џошуа, прво за да му ги земе појасите во ВБА Супер, ИБФ, ВБО и ИБО верзиите, а Фјури е со скор 32-0 и во своја сопственост го има појасот во ВБЦ-верзијата.

Во најава е дека најверојатно Саудиска Арабија би било местото каде Усик и Фјури би ги вкрстиле ракавиците

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО