Украинскиот непоразен боксер, актуелен шампион на ВБА Супер, ВБО, ИБО и ИБФ во тешка категорија, Александар Усик, рече дека е подготвен бесплатно да се бори со Тајсон Фјури.
„Фјури, зборува за величина во боксот, но сака и многу пари. Големината во боксот не ја одредуваат парите, туку патот на победата. Велиш дека те избегнувам, иако тоа никогаш не се случило – јас лично дојдов по тебе, да бидам искрен. И јас сум подготвен да боксирам со тебе бесплатно“, напиша Усик на својата страница на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Борбата меѓу Усик Фјури за титулата апсолутен светски шампион во тешка категорија би можела да се одржи во првата половина на 2023 година.
Усик има 20 победи во 20 професионални борби. Фјури има добиено 33 од 34 борби, со едно реми.