Александар Усик (21-0) уште еднаш изјави дека нема намера да падне во стапицата на Тајсон Фјури (34-0-1) со сите негови психолошки игри кои се обидува да ги примени со своите шареноликите изјави. Тој е категоричен дека тоа е грешка на неговите претходни противници.
„Навистина не ми е грижа што мисли Тајсон Фјури. Не обрнувам внимание на неговото однесување и постапки. Повеќето од неговите противници не беа во право по оваа точка. Јас нема да го направам тоа. Не ми е гајле што мисли. Можеби ме потценува. Можеби ме преценува. Не ми е грижа. Имам свои планови за него“, изјави Украинецот за Ринг.
Има само две недели до судирот во Ријад, каде што конечно ќе видиме обединување на сите главни светски појаси во тешка категорија.