Светскиот шампион на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО, Александар Усик, му понуди на Ентони Џошуа помош во развојот на неговата кариера. Украинецот тоа го направи во позадина на преговорите за договор за реванш меѓу нив. Нивната борба за титулите во тешка категорија треба да се одржи летово, а датумот се менуваше неколку пати.
Усик рече дека е подготвен да му подаде рака на Британецот и да му помогне да ги реши недоразбирањата околу неговиот штаб. Сепак, тоа би можело да се случи за 5 години, кога планира да ја заврши кариерата.
„Се познавам себеси, тргнав по пат и знам како да стигнам до крајот на истиот. Имам тим, одлични тренери и работиме заедно како тупаница. Ако треба да му дадам совет на Џошуа за неговиот табор и проблемите со кои се соочи, јас сум подготвен да го сторам тоа. Но нека ми се јави за 5 години, па ќе му изградам тим“, изјави Усик во емисијата „Зад ракавиците“.
Украинецот не ги коментираше тензиите во Украина и почетокот на војната од страна на Русија. Тој не беше прашан во таа насока. Медиумите на островот тврдат дека тој ја напуштил татковината ден пред инвазијата на руските војници на украинска територија.