Светскиот шампион во бокс во тешка категорија, Aлександaр Усик, на социјалните мрежи ја коментираше победата на носителот на титулата на Белатор и негов сонародник Јарослав Амосов.
На 26 февруари на турнирот Белатор 291 во Даблин (Ирска), Амосов во реваншот самоуверено го победи Американецот Логан Сторли, одржувајќи совршен скор и бранејќи го појасот во полусредна категорија (до 77 кг).
„Честитки, Бајрактар (име на турски дрон-н.з.)“, напиша Усик.
Јарослав Амосов има 29 години. Борецот дебитираше во ММА во 2012 година, а во 2018 година ја имаше првата борба во Белатор. Вкупно, украинскиот ММА борец има 27 победи и ниту еден пораз.
Претходно Амосов изјави дека се смета себеси за најдобар борец во светот.