Усик: Критиките спрема Џошуа се неправедни

Шампионот на ВБО, ИБФ, ИБО и ВБА во тешка категорија, Александар Усик, верува дека неговиот последен противник Ентони Џошуа добил нефер критики за неговиот последен меч.

Усик ја освои круната во тешка категорија во 2021 година со едногласна одлука од дванаесет рунди над Џошуа. Тој го повтори овој подвиг со уште една победа со поени над Џошуа една година подоцна во договорениот реванш.

Џошуа, поранешен двократен светски шампион, можеше да го возврати ударот во април со победата на поени над Џермејн Френклин. Ова беше прва борба на Џошуа со новиот тренер Дерик Џејмс.

Многу набљудувачи очекуваа Џошуа да го запре Френклин во рок од неколку рунди, но борбата се покажа потешка од очекуваното.

Некои критичари веруваат дека на Џошуа му недостига истата агресија и желба што ја покажа во поголемиот дел од неговата кариера. Се чини дека е популарно мислењето дека психата на Џошуа е променета откако тој претрпе пораз прекин од Енди Руиз во 2019 година.

Усик не се согласува со ова. Верува дека на британската ѕвезда и треба повеќе време да се регрупира по неговите неуспеси.

„Мислам дека на Џошуа му треба само уште малку време за да се опорави. Тој е голем борец и одлична личност“, изјави Усик за Бокс кинг медиа.

„Кои се тие луѓе кои го осудуваат? Кои се судиите? Дали некогаш биле во рингот? Дали некогаш тренирале и ја почувствувале таа болка? Немаат право да го кажат тоа. барем еднаш во животот да влезеш во рингот и да поминеш низ сериозна спаринг сесија. Барем една рунда, три минути. Тогаш ќе бидеш во право“.

Во моментов се очекува Џошуа да се врати во месец август. За тој датум се бера реванш со Дилиен Вајт. Доколку Џошуа победи, неговата цел е да се соочи со поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија Дионтеј Вајлдер во декември во Саудиска Арабија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON