Поранешниот светски шампион во полутешка категорија Александар Усик, кој на 23 мај има закажан меч во тешка категорија со Дерек Кисора, изјави дека сè уште не размислува да стави крај на спортската кариера. Според Украинецот, по пониската категорија тој има намера да стане апсолутен светски шампион и во тешка категорија.
„Го сакам боксот и не ми треба многу одмор. Имам сопруга и три деца. Во живото има многу работи кои ме одржуваат активен и ми помагаат да се опуштам. Сакам да го поминувам времето со семејството, но можеби за време на тренинг камповите се чувствувам поспокоен. Го сакам Лондон и Велика Британија. Најмногу ја сакам мојата родна земја, а Велика Британија е на второ место“, рече Усик.
„Ќе боксирам се додека имам мотивација да се будам во 5 часот наутро, за да тренирам и да работам напорно. Ако се почувствувам, дека не сакам да станам од кревет, тогаш ќе почнам да размислувам да заминување од боксот и кариера во Холивуд. Ќе станам апсолутен светски шампион во две тежински категории. Имам сон“, додаде украинскиот боксер.