Усик: Ќе биде потешко за Џошуа

Александар Усик верува дека мечот меѓу него и Ентони Џошуа за светските титули во тешка категорија ќе биде психички потежок за англискиот боксер кој ги брани појасите.

Ќе му биде потешко бидејќи ќе ги брани титулите и ќе се бори дома“, изјави Усик за Градијан.

„Расположен човек пристигнува во неговата татковината и ќе бара голема битка. Ќе ми биде големо задоволство да боксирам повторно тука. Го сакам Лондон и Велика Британија и ова е моето среќно место. Но, не покажувам многу од моите емоции и мислам дека не треба“, додаде Усик.

Усик и Џошуа ќе се соочат на 25 септември, во судир на двајца олимписки шампиони. Средбата ќе се одржи на стадионот на фудбалскиот тим Тотенхем.

„Недостатокот на нерви ќе ми помогне. Нема да бидам нервозен. Зошто би бил јас? Тоа не би сменило ништо. Нема да станам посилен, само послаб. Ќе бидам смирен и сигурен и веројатно ќе прочитам книга пред судирот или ќе гледам филм и ќе разговарам со моите роднини или со мојот син. Воопшто нема да бидам нервозен“, заврши Усик.

Александар Усик има биланс од 18 победи (13 со нокаут) и нема пораз во професионалниот ринг. Олимпискиот шампион во Лондон 2012 последен пат влезе во рингот во октомври. На боксерската гала на „Вембли арена“, Усик го победи Дерек Чисора со едногласна одлука.

Ентони Џошуа има скор од 24 победи (21 со нокаут) и 1 пораз (од Енди Руиз Јуниор). Светскиот шампион на четири боксерски организации (ВБА Супер, ВБО, ИБФ и ИБО) последен пат влезе во рингот на крајот на декември 2020 година кога го нокаутира Кубрат Пулев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО