Мечот во тешка категорија меѓу Украинецот Александар Усик и Британецот Дерек Чисора ќе се одржи на 23 мај во „О2 арената“ во Лондон, пренесе ЕСПН. Тоа не е првиот можен датум што се објавува. Првично, средбата беше закажана за 28 март, но повредата на Усик го одложи.
Последниот меч на Усик беше во октомври минатата година кога го совлада Американецот Чез Витерспун во соето деби во тешка категорија.