Усик ја освои светската титула

oleksandar-usik-titula

Олександар Усик (Украина) ја освои титулата на Светската боксерска организација во полутешка категорија дури во својот десетти меч.

Тој го победи на поени досегашниот носител на круната Кршиштоф Гловацки (Полска). Мечот се одржа на галавечерта во Гдањск (Полска). Меѓу гледачите беше и легендата во тешка категорија, Виталиј Кличко, кој во моментов е градоначалник на Киев.

Олимпискиот шампион од Лондон доминираше во текот на целиот меч. По финалниот удар на гонгот судиите беа едногласни – 119-109, 117-111, 117-111.

Украинецот ја забележа десетата победа (9 со нокаут). Тоа беше првиот пораз за Гловацки кој има 26 победи (16 со нокаут).

На Олимписките игри во Лондон Усик ја освои титулата.

https://youtu.be/g6Wr_303Q0A

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО