Усик: Или ќе биде Тајсон Фјури или нема да се борам повеќе! (ВИДЕО)

Украинецот Александар Усик ги одбрани шампионските титули на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО во тешка категорија, а го освои и појасот на магазинот „Ринг“, кој остана празен кога Тајсон Фјури објави крај на кариерата.

На боксерскиот спектакл во Џеда непоразениот Усик со поделена одлука го победи Ентони Џошуа и со тоа стигна до 20-та победа во кариерата.

„Крени раце во чест на Усик кој ја бранеше шампионската титула под условите во кои беше“, рече Џошуа по мечот и му се поклони на Украинецот, кој по руската воена инвазија веднаш јави во одбрана својата татковина:

„Ме победи, а јас можев и подобро. Тоа покажува колку труд морал да вложи. Не можам да боксирам како Мајк Тајсон, Сони Листон, Џек Демпси и Роки Марчијано, тежок сум. Аплауз за Усик“.

Украинскиот боксер повторно беше одличен и со одлична тактика го надмудри противникот, исто како и лани во септември во првата борба во Лондон.

„Победата им ја посветувам на сите, на семејството, на тимот, на мојата татковина и на украинските ветерани. Благодарам“, рече Усик и изрази желба да се бори со Тајсон Фјури:

„Сигурен сум дека не е во пензија, сакам да се борам со него. Ако не победам во таа борба, нема повторно да се борам со никого“.

Со овој настап во Саудиска Арабија на Усик и Џошуа им е гарантиран хонорар од 60 милиони долари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON