Во Москва вчера се одржа мерењето за денешното финале на ВБСС турнирот во полутешка категорија и неоспорниот светски шампион.
ВБЦ и ВБО шампионот од Украина, Александар Усик (14-0, 11 КО) и првакот на ВБА и ИБФ од Русија, Мурат Гасиев (26-0, 19 КО) на мерењето тежеа по 90 килограми.
Во воведниот дел на настанот, Сесилија Браекхус (33-0, 9 КО) ја брани титулата на неприкосновен шампион во борбата против значително поголемата Русинка Ина Сагајдаковскаја (7-0, 3 КО).
По неговиот прв пораз во кариерата на Усик, Маририс Бриедис (23-1, 18 КО) се враќа против помалку познатиот Французин Брендон Деслориер (11-1-1, 1КО).
https://youtu.be/G1eY5WpfK38
https://youtu.be/J9uqOlizJBo
.