Џошуа: Радо би изгубил отколку да користам допинг

Ентони Џошуа изјави дека борбата со Александар Поветкин е почеток на неговото второ поглавје од неговата кариера.

Британцот на сцената стапи во 2012 година, освојувајќи го златниот олимписки медал на домашен терен во Лондон.

„Сега се чувствувам како повторно да сум на турнир. Морам да ги поминам Поветкин и Вајлдер и секој кој ќе биде следен како би направил свое име во историјата“.

Поветкин исто така поранешен олимписки победник и единстевниот пораз го претрпе од Владимир Кличко. Сепак, зад него се два пада на допинг тестот.

„Да го пропуштам допинг тестот или да задоцнам еден час луѓе би рекле: Се допингува. Знам дека кога би паднал тестот за допинг некогаш би можел да боксирам, бидејќи од мене ќе направат пример. Веќе два пати сум тестиран за оваа борба Радо би изгубил отколку да се допингувам. Завршувајќи ја кариерата поради допинг е многу полошо за вашето наследство отколку поразот“.

„Не гледам на допингот како на нешто што ќе ви направи подобри. Ако некој е подобар од вас, тогаш работете повеќе, не ви треба допинг. Одважете се: допингот носи суспензија и унштена репутацијата. Ако некој е подобар од вас, таа вечер искажете им почитување и вратете се. Радо би останал чист и секој пат би дал сè“.

„Кога Поветкин ќе се бори со мене, тоа ќе биде чиста и фер борба. Неговото минато е негова работа и тие го решија тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО