Стошиќ го одработи мерењето за дебито УФЦ, Шогун за главната борба на вечерта (ВИДЕО)

Во Хамбург се одржа мерењето за УФц Фајт најт 134.

Во главната борба на вечерта поранешниот победник на Гран прито на Прајд и шампионот на УФЦ, Маурисио Руа се бори со Ентони Смит. 36-годишниот Шогун е во серија од три победи, а Смит, кој го замени првично најавениот Волкан Оездимир во дуелот со Бразилецот влегува откако во јуни го нокаутира поранешниот шампион Рашад Еванс. Оездемир во меѓувреме поради повреда ја откажа борбата со Александар Густафсон.

Дарко Стошиќ успешно, како и сите други борци, ги одработи обврските за дебито против Џереми Кимбал.

Во Хамбург настапува уште еден српски борец. По успешното деби против Франсимар Баросо во септември минатата година, 26-годишниот Александар Ракиќ втората победа ќе ја бара побара против непоразениот Американец Џастин Ледет (9-0-1NC, 3-0 УФЦ)

Хрватот Дамир Хаџовиќ во четвртиот меч во УФЦ брка нова победа против домашниот борец Ник Хеин.

Во пресметката на тешкашите Холанѓанецот Стефан Струве се бори против Полјакот Марчин Тибура, додека поранешниот предизвикувач за титулата во полутешка категорија Гловер Тешеира ќе ги одмери силите со Кори Андерсон.

УФЦ Фајт најт Вечер 134:
Маурисио Руа (93,4) – Ентони Смит (93)
Кори Андерсон (92,5) – Гловер Тешеира (93.4)
Витор Миранда (84) – Абу Азитар (84)
Стефан Струве (264) – Марчин Тибура (246)
Дани Робертс (76.7) – Дејвид Завада (77,6)
Марк Дијакиезе (70.3) наспроти Нсрат Хакјупараст (70.8)
Ник Хеин (69,4) – Дамир Хаџовиќ (70.3)
Емил Мик (177,1) – Бартош Фабински (77.1)
Халид Таа (65,8) – Над Наримани (66.2)
Џастин Ледет (92,5) – Александар Ракиќ (93.4)
Дејви Грант (61,2) – Мани Бермудез (61,2)
Џереми Кимбал (92,5) – Дарко Стошиќ (93)
Дамјан Стасијак (60,3) – Лиу Пингјуан (61,7)

https://www.facebook.com/ufceurope/videos/1775095735859702/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО