И невозможното стана возможно – УФЦ и М-1 Глобал станаа партнери!

Се случи и она шти до пред десет години беше незамисливо – УФЦ потпиша договор за партнерство со руската организација М-1 Глобал.

Деталите за соработка не се познати, а американските медиуми јавуваат дека М-1 Челинџ шампионите ќе имаат шанса да потпишат договор со УФЦ. Во превод тоа значи дека М-1 ќе послужи како еден вид на отскочна штица за руските борци и М-1 шампионите спрема елитата. Но, засега ништо од ова официјално не е потврдено од страна на челниците на УФЦ.

Да потсетиме на фактот дека Федор никогаш не заврши во УФЦ токму затоа што Дана Вајт и браќата Ферита не сакаа продукциски да соработуваат со М-1 Глобал. Тоа беше еден од условите за потписот на Федор, но тогаш Вајт не го интересираше тоа и можноста за копродукција на настани со руската организација глатко ја одбија.

Меѓутоа, сега се некои други времиња. На УФЦ не му оди така добро како порано, а новите сопственици имаат еден тон на проблеми од денешна перспектива, кои изгледаат тешко решиливи. Договорот со М-1 Глобал е очигледно почетокот на некоја нова политика кои можеби ќе земе замав со уште некои слични партнерства во другите делови на светот.

https://www.instagram.com/p/BlX7fYdHTmQ/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО