Крафорд го победи Ломаченко во изборот за борец на годината

Теренс Крафорд ја доби наградата ESPY (Excellence in Sports Performance Yearly Award) за борец на годината.

На церемонијата во Лос Анџелес, организирана од АБЦ Телевизијата, 30-годишниот американски боксер славеше пред шампионот на ВБО во лесна категорија, Васил Ломаченко и борците на УФЦ, Жорж Сент Пјер и Роуз Намахунас.

Од последното доделување ма наградата боксерот од Небраска прво со победата против Јулиус Индонго ги обедини сите титули во полувелтер, а во првата битка во велтер стана светски шампион, освојувајќи го лесно појасот на ВБО против Џеф Хорн.

Промоторот на Крафорд, Боб Арум, рече дека следната борба ќе биде на 13 октомври, а како потенцијални противници се спомнуваат Хозе Бенавидес Јуниор. (27-0, 18 КО) и Литавнецот Егидијус Кавалијаускас (20-0, 16 КО).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО