Усик и Џошуа ќе се пресметаат на 20 август

Реваншот меѓу Украинецот Александр Усик и Британецот Ентони Џошуа најверојатно ќе се одржи на 20 август, барем така кажа промоторот Александер Красјук.

Украинецот минатата година по 12 рунди пред 66.267 гледачи на стадионот на Тотнем со едногласна одлука на судиите го победи Џошуа и ги презема појасите во ВБО, ИБФ, ВБА и ИБО.

„Овој датум изгледа како најреален во моментов“, кажа промоторот на Усик.

Во текот на следната недела се очекува официјална потврда за локацијата на борбата, како и конечниот датум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON