Утре Рига е домаќин на полуфиналето на турнирот на Светската боксерска супер серија во крузер категорија меѓу Маирис Бриедис (23-0, 18 Ко) и Александар Усик (13-0, 11 КО).
Воедно, тоа ќе биде меч за обединување на титулата во лесно-тешка категоријата. Шампионот на ВБЦ од Латвија тежи 90,3, додека шампионот на ВБО Украинецот Усик има 90,4 килограми.
Во воведниот дел од настанот Филип Хрговиќ (2- 0) се бори против 30-годишниот Англичанец Том Литл (10-4, 4 КО).
Во второ полуфинале, шампионот на ИБФ, Русинот Мурат Гасиев, на 3 февруари во Сочи боксира против шампионот на ВБА од Куба Јуниер Дортикос.
https://www.facebook.com/WBSuperSeries/videos/1040385352765989/
.