Усик ги скрши спаринг партнерите, неколкумина го напуштија неговиот камп

Според еден од тренинг-партнерите на боксерскиот шампион во тешка категорија, Александар Усик ги здроби своите спаринг партнери за време на тренинг кампот.

Усик се подготвува за реваншот со Ентони Џошуа кој е закажан за 20 август во Саудиска Арабија.

Минатиот септември Усик го победи Џошуа во 12 рунди и ги освои титулите на ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО.

Во кампот сега е и казахстанскиот боксер Нурсултан Аманжолов, кој му помага на Усик да се подготви за првата борба со Џошуа.

„Аманжолов вели дека има денови кога Усик оди во војна против него. Не е лесно да се повреди Нурсултан, но тој беше силно погоден неколку пати. Многу од спаринг партнерите на Усик си заминаа дома затоа што не можеа да го издржат темпото на тренинг кампот. Едноставно не можат да му парираат на Усик“, изјави менаџерот на Аманжолов, Амир Али.

„Ми кажа дека Усик е во неверојатна форма. Ентони Џошуа ќе обере бостанот.

Усик испраќа боксери во тешка категорија во нивните домови. Нурсултан е еден од ретките кои успеаја да издржат. Имаше моменти кога дури и Усик сакаше тој да се бори уште посилно. Нема забрана, чиста војна“.

Џошуа направи некои промени во својот табор пред реваншот.

Тој се раздели со долгогодишниот тренер Роберт Мекрекен и сега се потпира на услугите на ветеранот Роберт Гарсија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON