Арапите веќе го испланираа датумот за втората борба меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик. Првата борба се уште не се случила, но шеиците планираат за иднина и сакаат втората борба да се случи на 12/13 октомври оваа година во Ријад, Саудиска Арабија. Првата борба меѓу двете ѕвезди ќе се одржи на 18 мај во Ријад, Саудиска Арабија.
Борбата меѓу двајцата ќе биде за неприкосновената титула во тешка категорија. Усик (21-0, 14 КО) ги има титулите ВБА, ИБФ и ВБО, додека Фјури (34-0-1, 24 КО) ја има титулата на ВБЦ. Двајцата во моментов се во средината на тренинг кампот. Големата борба е за помалку од две недели.
Борбата првично требаше да се одржи во февруари, но Фјури се повлече поради расекотина во спаринг. Сега, ако некој од нив се повлече, тогаш ќе мора да се раздели со 10 милиони долари. Таква е казната што ја одреди Турки Алалших. Алалших, кој е министер во Ријад, рече дека сака Фјури да се бори со Ентони Џошуа во март 2025 година.
Доколку Тајсон успее да се справи со Усик во двете борби, тогаш во март 2025 година ќе го видиме со Џошуа. Ако Усик победи, тогаш Турки најверојатно ќе соочи него против Џошуа. Такви се плановите во моментот на Алалших, кој ја врати интригата во боксот. Ова се случи благодарение на арапските пари, на кои очигледно им нема крај.
‼️ The Tyson Fury vs Oleksandr Usyk rematch is being planned for Oct 12th/13th in Riyadh, Saudi Arabia to begin the next Riyadh Season, His Excellency Turki Alalshikh has revealed. He also said he's eyeing Tyson Fury vs Anthony Joshua for March 2025. [@ESPN]
— Michael Benson (@MichaelBensonn) May 6, 2024