Александар Усик и Дерек Чисора ќе се борат на 23 мај. Нивниот меч се очекува да биде објавен на 13 март на специјална прес-конференција во Лондон.
33-годишниот Украинец по втор пат ќе боксира во тешка категорија. Тој го имаше своето деби во октомври кога во седмата рундаго нокаутира Чеаз Витерспун. Досега, олимпискиот шампион од Лондон има 17 победи (13 со нокаут) од 17 натпревари. Во салдото Чисора се 32 победи (23 со нокаут) и 9 порази.