Светскиот шампион во тешка категорија на ИБФ, ВБА и ВБО, Александар Усик, борбата меѓу Тајсон Фјури и Френсис Нгану ја нарече „измама“.
Украинецот требаше да се соочи со Џипси кинг напролет и да го одреди првиот неприкосновен шампион во дивизијата по Ленокс Луис, но преговорите пропаднаа. Оттогаш двајцата не престануваат да се обвинуваат и често доаѓаат до навреди.
„Дали размислувам за неговата борба со Нгану? Глупости! Не мислам ништо од тоа. Ова е неверојатна измама. Не мислам на ништо од тоа, не мислам на Алчното чкембе. Не ми е грижа. Би сакал да боксирам со него, но ми се чини дека се плаши од мене“, изјави Усик.
Се верува дека Усик и Фјури не потпишале договор поради финансиски разлики за реваншот. Украинецот се согласи да земе само 30 отсто од лавовскиот дел за првата борба, но за втората не беше постигнат консензус.
„Боксот не е работа за мене. Работата е лош збор. Работа… Робовите работат. Боксот е љубов, тој е дел од животот. Не можам да живеам без бокс. Боксот е како малку воздух, тоа е храна, пијалок, облека. Можеби некој ќе каже дека боксот за мене е работа и добивам пари од тоа. Не можам да го кажам тоа. Парите не ме мотивираат.
Мотивиран сум од работата што ја работам. Боксот ми даде многу работи: пријателите што ги имам сега, можностите што ги имам сега, куќата што ја купив поради боксот. Господ прв ми го даде и се уште ми го дава“, додаде Усик.