Уште три бронзи за македонските кикбоксери на Италијанскиот Светски куп

Макеоднија освои вкупно четири медали на Италијанскиот Светски куп во Лидо Де Јесоло, сите се бронзени.

Откако пред два дена Марија Димовска освои бронза по поразот во полуфиналето 0-3 од Каролина Воронова од Естонија, денес со борнзи се закитија ветеранот Алекдсандар Димовски, две и Дарио Спасовски.

Димовски во двете полуфинални борби се бореше со Дитмар Габер од Германија, кои завршија 0-0, а во финалето одеше Германецот. Не е познато дали нашиот борце се борел или борбите биле предадени.

Третата бреонза ја освои Дарио Спасовски кој во полуфиналето загуби од Сомбор Фекете од Унгарија 0-3.

Данило Методиевски ја извојува единстевната победа од македонските кикбосери, но не обезбеди медал, бидејќи стигна до четвртфиналето.

На Светскиот куп настапуваат 1516 кикбоксери со 2445 натпреварувачки влезови од 289 тима од 43 држави во светот.

Резултати:

-60 кг, К1, млади јуниори
Марија Димовска – Каролина Воронова (Естонија) 0-3 полуфинале

Лајт контакт

-69 кг постари кадети
Дарио Спасовски – Басле Матевз (Словенија) 0-3

-79 кг јуниори
Давид Милошоски – Фредерико Менела Босколо (Италија) 0-1

+94 кг ветерани
Александар Димовски – Дитмар Габер (Германија) 0-0 полуфинале

Кик лајт

-63 кг јуниори
Данило Методиевски – Габриеле Белини (Италија) 3-0
Данило Методиевски – Маркос Богдановс (Италија) 0-3 ¼ четвртфинале

-79 кг
Давид Милошоски – Ботонд Богош (Унгарија) 0-3 ¼ четвртфинале

-69 кг постари кадети
Дарио Спасовски – Сомбор Фекете (Унгарија) 0-3 полуфинале

+94 кг, кик лајт, ветерани
Александар Димовски – Дитмар Габер (Германија) 0-0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО