АктуелноМеѓународна сценаММА
Уште едно одлично видео од работилницата на УФЦ: Најдобрите рунди што не сакате да ги пропуштите!

Најголемата светска ММА организација неодамна ги почасти своите фанови со ново видео насловено како: Најдобрите рунди што не сакате да ги пропуштите!
Во ова одлично видео, УФЦ одбра неколку врвни и многу привлечни рунди од епски натпревари и ги спои во одлична компилација.
Легендарната трета рунда од мечот меѓу Жилберт Мелендез и Диего Санчез, која многумина ја сметаат за една од најдобрите борби во историјата на организацијата, исто така го најде своето место.
Несомнено е дека љубителите на слободните борби добија уште едно фантастично видео и повторно можат да ги видат Џастин Гејџи, Мет Браун, Чак Лидел, Ден Хендерсон во акција…



