Следува уште една голема пресметка и големо финале на титаните Абдулрашид Садулаев (Русија) и Кајл Снајдер (САД) на Светското првенство во Осло, Норвешка, во категоријата до 97 килограми.
Токму пласманот на Снајдер му овозможи борба на Нуров во репасажот преку која може да дојде во ситуација да се бори за бронзениот медал. Во репасажот ќе се сретне со борачот од Монголија Батзул Узисајкан.
Ако го помине Монголецот во борбата за бронзата го чека уште едно големо име на борењето Мојтаба Голејж од Иран.